27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет објасни зошто никогаш нема да купи биткоин и зошто таа криптовалута...

Бафет објасни зошто никогаш нема да купи биткоин и зошто таа криптовалута нема вредност

Познато е дека Ворен Бафет не е голем љубител на биткоинот и воопшто на криптовалутите и дека досега немал и нема намера да инвестира во криптовалути и покрај тоа што се повеќе финансиски институции го менуваат својот став кон крипто. Бафет во неколку наврати го изразуваше своето незадоволство од биткоинот, а кои се конкретните причини за негативниот однос кон оваа дигитална валута, објасни тој за време на состанокот на акционерите на Беркшир Хатавеј.

Тој рече дека ако некој му понуди 1 процент од земјоделското земјиште во САД, тој веднаш ќе повлече чек од 25 милијарди долари, а истото ќе го направи ако некој му понуди еден процент од сите станбени згради во САД. На земјоделско земјиште би се произведувала храна од која ќе продолжи да заработува, а кирија ќе добива од становите. Неговиот голем облог ќе му враќа секој месец.

Со биткоинот, тоа е поинаква работа: ако ми кажеш дека го поседуваш целиот биткоин на светот и ми го понудиш за 25 долари, јас не би го земал, бидејки што би можел да направам со него? Ќе морам да ти го продадам назад на овој или оној начин. Ништо не можам да направам во врска со тоа, објасни тој. Дали ќе се зголеми или падне во текот на следната година, пет или десет години, не знам. Има одредена магија, а луѓето им припишуваат магија на многу нешта, рече најпознатиот светски инвеститор, додавајќи дека биткоинот не е продуктивно средство и „не произведува ништо опипливо“.

Слично како Бафет размислува и неговиот партнер Чарли Мангер. За време на собирот на акционери, тој рече дека во текот на животот се труди да избегнува работи кои се глупави, зли и поради кои изгледа лошо во споредба со другите луѓе. Купувањето биткоин спаѓа во сите три од овие категории, рече Мангер. Глупаво е затоа што, мисли тој, неговата вредност веројатно ќе падне на нула, зло е затоа што го поткопува системот на Федералните резерви, а интересно е што мисли дека би изгледал глупаво во споредба со кинескиот комунистички лидер кој бил доволно паметен да го забрани биткоинот во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП