27 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДраматично видео од Азовстал: Командантот на опколените маринци го моли Ердоган -...

Драматично видео од Азовстал: Командантот на опколените маринци го моли Ердоган – однесете не во Турција или сме мртви (ВИДЕО)

Командантот на украинската 36-та поморска бригада, Сергеј Волин, кој е опколен во фабриката Азовстал во Мариупол, се обратил за помош кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а снимката од неговиот апел ја објави телевизијата Хабертурк, пренесува „Украинска правда“.

-Почитуван претседателе Реџеп Таип Ердоган! Ви се обраќа мајорот на маринскиот корпус Сергеј Волин. Јас сум со припадниците на 36-та поморска бригада, која се наоѓа во гарнизонот во Мариупол и која 65 дена се бори во областа – рече Волин во директно обраќање до турскиот претседател.

Командантот на маринците тврди дека повеќе од 600 војници и цивили биле под опсада.

-Имаме 600 војници кои имаат рани од различен степен и на кои им е потребна помош. Со нас имаме цивили кои се повредени и на кои исто така им е потребна вашата помош. Стотици цивили и десетици деца се со нас во објектот. Најмалиот има четири месеци, додаде мајорот.

Волин побара помош од Ердоган.

-Сега го молам турскиот народ, почитуван господине претседателе, да ја примени процедурата за евакуација, да направи се за да го однесе гарнизонот во Турција и практично да не изнесе од Азовстал со безбедносни гаранции од турска страна. Сметаме на вашата помош, рече командантот на маринците.

Да потсетиме, индустриската зона Азовстал и фабриката за челик во Мариупол се под целосна контрола на руските сили. Денеска 25 лица, меѓу кои шест деца, наводно го напуштиле комплексот на челичарницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар