18 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТАнџелина Џоли во Украина(ВИДЕО)

Анџелина Џоли во Украина(ВИДЕО)

Актерката Анџелина Џоли, која е специјален пратеник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, пристигна во градот Лавов во Украина.

Џоли се сретна со сирачиња и раселени деца и лица евакуирани од Мариупол.

Актерката ги изненади собраните во кафуле во градот Лавов, а на видеа на социјалните мрежи може да се види дека им дава автограми на нејзините фанови.

Инаку, Анџелина Џоли е позната по работата со бегалците, па на самиот почеток на нападот врз Украина предупреди на страдањата на цивилите.

„Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои почнаа да ги напуштаат своите домови барајќи безбедност. Прерано е да се знае што ќе се случи, но значењето на овој момент не може да се прецени“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП