20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраинците предупредуваат: Во Мариупол може да избувнат смртоносни епидемии

Украинците предупредуваат: Во Мариупол може да избувнат смртоносни епидемии

Жителите на опколениот украински град Мариупол се соочуваат со закана од болести, покрај гранатирањето од руските сили и недостатокот на храна и вода, предупредија украинските власти, опишувајќи ги условите за живот во градот како средновековни.

„Колера, дизентерија и ешерихија коли: околу 100.000 жители на Мариупол се во опасност не само поради гранатирање, туку и поради неподносливите услови за живот во нехигиенски услови“, се наведува во соопштението од официјалниот Твитер профил на украинскиот парламент, пренесува Си-Ен-Ен.

„Температурата на воздухот веќе достигна 20 степени. Во градот наскоро би можеле да избијат смртоносни епидемии – поради недостаток на централизирано водоснабдување и канализација, распаѓање на илјадници трупови под урнатините и катастрофален недостиг на вода и храна“, соопшти парламентот.

Во соопштението се вели дека окупаторите не можеле да обезбедат храна, вода или лекови.

„Ги блокираат сите обиди за евакуација. И без тоа луѓето ќе умрат. Сега во руинираниот Мариупол има средновековни услови за живот“, истакнаа тие.

Руската агресија против Украина трае веќе три месеци, јавува Си-Ен-Ен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП