6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК подготвува повеќе насоки за плаќањата на рускиот гас во рубљи

ЕК подготвува повеќе насоки за плаќањата на рускиот гас во рубљи

Европската комисија ќе им даде дополнителни насоки на земјите од ЕУ за тоа дали тие можат да продолжат да плаќаат за рускиот гас без да ги прекршат санкциите на блокот, изјави за „Reuters“ висок функционер на институцијата.

Русија ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска поради неплаќањето во рубљи, што ги зголеми стравувањата дека другите земји може да го следат примерот. Земјите во блокот се поделени околу тоа дали санкциите ќе бидат прекршени доколку го исполнат условот на Москва и платат во рубљи, потсетува агенцијата.

Според механизмот предложен од Русија, купувачите се обврзани да депонираат евра или долари на сметка во „Газпромбанк“, која мора да ги претвори во рубљи.

Минатата недела, ЕК рече дека шемата може да ги прекрши санкциите на Брисел. Сепак, таа појасни дека членовите на блокот можат да извршуваат трансакции во согласност со санкциите, доколку го пријават плаќањето завршено веднаш штом платиле во евра и пред да се претворат во рубљи.

Висок извор, кој сакаше да остане анонимен, рече дека првичните упатства нема да бидат суштински променети, но не потврди кога ќе бидат објавени дополнителни детали.

Земјите-членки засега не се согласуваат со препораките на ЕК. На состанокот на амбасадорите на ЕУ во средата, Бугарија и Полска рекоа дека се збунувачки, при што некои земји како Данска, Финска, Грција, Словачка и Шпанија рекоа дека е потребна поголема јасност.

Постои опасност ова прашање да го поткопа обединетиот фронт против Москва, бидејќи земјите веќе имаат поинаков пристап, забележува агенцијата. Министрите за енергија на ЕУ во понеделник (2-ри мај) ќе одржат итен состанок за да разговараат за одговорот на барањето на Русија.

Бугарија и Полска се придржуваа до нивните првични договори за плаќањето на гас пред Русија да го прекине снабдувањето, додаде „Reuters“. Други земји, вклучително и Унгарија, рекоа дека планираат да го платат рускиот гас во евра преку „Газпромбанк“, што ќе ги претвори во рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП