24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебитираше новиот „Mercedes-AMG C43“ (ФОТО/ВИДЕО)

Дебитираше новиот „Mercedes-AMG C43“ (ФОТО/ВИДЕО)

Како и другите производители, „Mercedes“ се соочува со строги еколошки норми, поради што е принуден да вградува 4-цилиндрични агрегати во спортските верзии на своите лимузини. Последниот пример за ова е „Mercedes-AMG C43“, најевтината „AMG“ опција на „C-Class“.

Кога станува збор за дизајнот, во споредба со стандардната „C-Class“, автомобилот има нагласени спортски додатоци на каросеријата, различна решетка на ладилникот, нови алуминиумски тркала и четири издувни цевки кои извираат од задниот браник.

Сепак, најважното нешто во случајот со моделот „AMG“ е погонскиот систем. Станува збор за лонгитудинално поставен 2.0-литарски турбо бензинец со 408 ks и 500 Nm достапен при 5.000 вртежи во минута.

Менувачот е автоматски, 9-степен и забрзувањето до „стотка“ се реализира за 4,6 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Моќта се пренесува на двете оски, во дистрибуција 31:69.

„Mercedes-AMG C43“ е опремен со електричен систем од 48 волти, што значи дека се работи за таканаречен „лесен“ хибрид и дека со помош на стартер-генератор може да се извлечат дополнителни 14 „коњи“ со помош на системот.

Оваа функција за „засилување“ помага кога на возачот му е потребна дополнителна енергија во краток временски интервал.

Покрај лимузината беше претставена и караванска варијанта, а двата модели во салоните ќе пристигнат кон крајот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП