28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците тврдат: Агенцијата за приватизација останува во наши раце

Грците тврдат: Агенцијата за приватизација останува во наши раце

grcija9

Грчката Агенција за приватизација останува во матичната земја, тврдат грчките власти, побивајќи ги медиумските натписи за нејзиниот трансфер во странство.

„Агенцијата за приватизација „Taiped“ ќе остане во грчки раце“, изјави Самарас за неделниот весник Елефтеротипија.

Минатата недела медиумите известија дека меѓународните кредитори во септември ќе побараат од грчката влада да го префрли државниот имот во холдинг компанија која ќе ја управува еврозоната, со цел да се забрза процесот на приватизација, кој е дел од условите за добивање на економска помош.

Ваквиот план за прв пат беше предложен уште пред две години, но не беше спроведен.

„Апсолутно ја отстранувам можноста за префрлање на Агенцијата во странство“, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.

„Со грчкиот државен имот управува „Taiped“ и грчката влада. Тоа нема да се промени“, нагласи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП