25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБританското разузнавање ги откри најголемите проблеми на Русија

Британското разузнавање ги откри најголемите проблеми на Русија

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за ситуацијата на бојното поле во Украина. Денес, нивниот фокус е на ситуацијата во руската армија.

Британците пишуваат дека Русија се надева дека ќе ги исправи претходните проблеми, па затоа инвазијата во оваа фаза од војната ја ограничиле на помал простор од порано. Тоа, велат Британците, ги скрати нивните линии за снабдување и го поедностави командувањето и контролата.

„Русија продолжува да се соочува со значajни предизвици. Таа беше принудена да ги спои и прераспореди исцрпените и различни единици од неуспешните напредувања во североисточна Украина. Многу од овие единици веројатно ќе страдаат од ослабен морал“, велат Британците.

Понатаму велат дека остануваат значителни недостатоци во руската тактичка координација. Британците велат дека воздушната поддршка на руските војници на теренот е неконзистентна.

Сето ова, сметаат тие, и покрај локалните успеси, ја остави Русија неспособна целосно да ја искористи својата борбена маса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП