28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ66-ти ден од војната во Украина: Зеленски згреши; Крај на операцијата во...

66-ти ден од војната во Украина: Зеленски згреши; Крај на операцијата во Украина штом се исполнат сите цели

Украинските сили продолжуваат со гранатирање на неколку места во ДНР.

Во Кировската област недалеку од Доњецк е погодено складиште за нафта. Американскиот Конгрес го одобри нацрт-законот со кој се предвидува поедноставен механизам за испорака на одбранбена опрема во Украина и земјите од Источна Европа.

Зеленски згреши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски згреши кога зборуваше за бројот на жртвите во новата масовна гробница, изјави неговиот портпарол Серхиј Никифоров. Би-би-си претходно објави дека Зеленски во интервју за полски медиуми рекол дека во областа Киев е пронајдена уште една масовна гробница со 900 тела.

Сепак, неговиот портпарол рече дека, иако новата масовна гробница навистина е откриена денеска, претседателот погрешил и всушност зборувал за вкупниот број на тела пронајдени досега во масовните гробници во близина на градот Буча, наведува украинската агенција УНИАН.

Како што беше претходно објавено, Зеленски во интервју за полските медиуми изјави дека се уште е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и покрај „руските злосторства во Буча, Мариупол и други места“.

Лавров: Крај на операцијата во Украина штом се исполнат сите цели

Специјалната операција на Русија во Украина ќе биде завршена веднаш штом ќе се исполнат сите поставени цели, повтори Лавров во интервју за телевизијата Ал Арабија.

Тој изјави и дека преговорите меѓу Москва и Киев би можеле да бидат далеку поуспешни доколку Украина биде доследна во прашањето за своите позиции, пренесува Спутник.

-Доколку украинската страна беше фер во однос на преговорите, ако ги почитуваше договорите што успеавме да ги направиме, ќе постигневме нешто во преговорите. Заглавени сме поради нивната недоследност, затоа што постојано сакаат да играат војна. Колку што можам да разберам, имајќи ги предвид инструкциите на Вашингтон, Лондон и другите престолнини, преговорите нема да се забрзаат, рече Лавров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП