25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВо САД повеќе не се препорачува аспиринот за постари лица како превентива...

Во САД повеќе не се препорачува аспиринот за постари лица како превентива од срцев и мозочен удар

Новиот став од водечката работна група на САД е ажурирање на упатствата од 2016 година, кои препорачуваат луѓето на возраст меѓу 60 и 69 години со најмалку 10 отсто ризик од заболување од кардиоваскуларни болести во следните 10 години да земаат ниски дози на аспирин дневно како „индивидуална“ одлука.

Врз основа на новите докази, по препораката на работната група од 2016 година, сега се препорачува луѓето по 60-годишна возраст да не размислуваат за започнување со аспирин бидејќи ризикот од крварење ги поништува придобивките од превенцијата на срцевите заболувања, се вели во соопштението на USPSTF.

Во меѓувреме, луѓето на возраст од 40 до 59 години со најмалку 10 отсто ризик од кардиоваскуларни болести во период од десет години треба индивидуално да одлучуваат за нивниот дневен внес на аспирин, соопшти работната група.

Секојдневната употреба на аспирин може да помогне да се спречат срцеви и мозочни удари кај некои луѓе, но може да предизвика и потенцијално сериозни оштетувања, како внатрешно крварење, рече Џон Вонг, член на работната група.

Важно е луѓето кои се на возраст од 40 до 59 години и немаат историја на срцеви заболувања да разговараат со својот лекар за да одлучат заедно дали започнувањето со земање аспирин е вистинската одлука за нив.

Новите упатства се однесуваат на луѓе кои немаат кардиоваскуларни болести, но се изложени на висок ризик да ги развијат и кои не почнале да земаат аспирин секој ден, велат од работната група.

Организацијата исто така забележува дека околу 605.000 луѓе во САД доживуваат прв срцев удар секоја година, додека околу 610.000 го доживуваат првиот мозочен удар.

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот, убивајќи околу 17,9 милиони луѓе секоја година, според Светската здравствена организација (СЗО).

Аспиринот е антиинфламаторен лек кој се користи повеќе од еден век.

Често се зема за лекување на симптоми како што се главоболки, болки во телото и други болести слични на настинка.

Работната група вклучува 16 водечки експерти од различни области на здравството и медицината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП