26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТОлена Зеленска: Од почетокот на војната го гледам мојот сопруг како и...

Олена Зеленска: Од почетокот на војната го гледам мојот сопруг како и останатите, на телевизија

Првата дама на Украина Олена Зеленска изјави дека не го видела својот сопруг Володимир од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

Таа за полскиот весник „Република“ (Rzeczpospolita) изјави дека го гледала украинскиот претседател како и сите други, „на телевизија и во видеата од неговите говори“.

Таа исто така рекла дека конфликтот не го променил нејзиниот сопруг „бидејќи секогаш бил човек на кој можеш да се потпреш“, пренесува Би-Би-Си.

Таа ја обвини Русија дека планира геноцид, што Москва жестоко го негира. На прашањето дали има порака за мајките или партнерите на руските војници, таа рече: „Немам што повеќе да им кажам. Ако сандаците не ги убедат дека тука нешто не е во ред – нема што да им кажам“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП