14 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКласиката никогаш не излегува од мода: „Porsche 911 Sport Classic“ (ФОТО/ВИДЕО)

Класиката никогаш не излегува од мода: „Porsche 911 Sport Classic“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Porsche“ ги воодушеви љубителите на овој бренд со уште едно специјално ограничено издание на „911“.

По моделот „911 R“, кој беше разграбан во рекордно време, пристигнува уште една интересна верзија наменета за возачките пуристи. И не само тоа, бидејќи овој модел се навраќа на минатото, во време кога светот беше „аналоген“, а огромните задни спојлери и тркачките налепници на автомобилите беа прашање на престиж.

„Porsche 911 Sport Classic“ има сѐ, но потпирајќи се на модерната технологија скриена зад ретро детали.

Исто така, на воланот нема лост за менување брзини, туку е поставен класичен рачен менувач. Мерните инструменти се токму такви какви што треба да бидат во спортските автомобил, а навлаките на седиштата со својот изглед ќе ве катапултираат во старите добри времиња.

„Porsche 911 Sport Classic“ не е шега. Тоа е најсилното „Porsche“ со рачен менувач што се нуди. Возачот го чекаат 550 ks, кои ги произведува 3,7 литарски твин-турбо мотор од моделот „911 Turbo S“.

Погонот е исклучиво на задните тркала, но затоа постои најмодерна електронска логистика во динамичната контрола на шасијата, активното потпирање, управувачката задна оска, па дури и керамичките сопирачки – сето тоа во стандардна опрема.

Посебно се истакнуваат каросериските панели изработени од композитни материјали со засилувања од јаглеродни влакна, како и модерната интерпретација на класичните алуминиумски тркала, сега, сепак, во неколку броеви во поголемо пакување.

Перформансите се исто така на завидно ниво – оваа ѕверка на тркала достигнува до „стотка“ за 4,1 секунда, пред да достигне максимална брзина од 315 km/h.

„Porsche“ ќе произведе само 1.250 примероци, во само четири нијанси (црна, сива, сина и спортско сива). Не се знае колку се планирани за европскиот пазар, ниту пак цената на овој автомобил.

Првите примероци пристигнуваат на патиштата во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП