28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусите за малку ќе го ликвидирале Зеленски на почетокот на војната? Протекоа...

Русите за малку ќе го ликвидирале Зеленски на почетокот на војната? Протекоа детали за нападот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри за магазинот „Тајм“ дека во првите часови од војната руските сили биле блиску да го фатат или убијат.

Во разговор со новинарот Симон Шустер, кој помина две недели во претседателскиот комплекс во Киев, Зеленски опиша како руските трупи дошле блиску до него и неговото семејство.

Тој вели дека на првиот ден од конфликтот, руската армија се обидела да го преземе владиниот округ во Киев. Според она што го кажа украинскиот претседател, Русите сакале да го нападнат него и неговото семејство на 24 февруари пред зори.

По почетокот на бомбардирањето, Зеленски и неговата сопруга Олена им кажале на 17-годишната ќерка и 9-годишниот син да се подготват за бегство од куќата. Ги разбудивме. Беше гласно, имаше експлозии“, изјави Зеленски за „Тајм“.

Украинската армија му кажала на Зеленски дека руските војници слетале на Киев со падобрани за да го убијат или заробат него и неговото семејство. Андриј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот, рече дека пред таа вечер такви работи гледале само на филмови.

Новинарот на Тајм напиша дека пукотниците околу владиниот кварт избувнале на првиот ден од војната кога паднала ноќта. “Чуварите во комплексот ги исклучија светлата, донесоа панцири и автомати за Зеленски и десетина негови помошници“, напиша новинарот.

Еден од ретките офицери кои знаеле да користат оружје е Олексиј Арестович, ветеран на украинската воена разузнавачка служба. „Тоа беше апсолутно лудило, сите добија автоматска пушка“, рече тој.

Новинарот на Тајм напиша дека руските војници двапати се обиделе да упаднат во комплексот додека семејството Зеленски сè уште било внатре. Следната вечер, откако одбил да оди во побезбедна средина, во која е и владата во егзил, Зеленски излегол во дворот и потоа ја снимил познатата видео порака.

Видеото кое го сними со својот мобилен го обиколи светот, пренесоа светските медиуми. Зеленски тврди дека во тој момент навистина станал свесен за својата улога во војната. Тој вели дека сфатил дека е симбол.

Сфатив дека морам да се однесувам како што треба да се однесува шефот на државата“, рече Зеленски во интервјуто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП