28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем дел од испораките на нафта во Европа во април беа од...

Најголем дел од испораките на нафта во Европа во април беа од Тексас

Најголем дел од испораките на нафта во Европа во април дошле од Соединетите држави, наведува „Reuters“. Во текот на изминатиот месец, американските компании испорачуваат околу 1,5 милиони барели дневно, што е највисоко ниво во последните две години. Повеќето пратки се во Шпанија, Обединетото Кралство, Данска и Италија и содржат главно американска лесна сурова нафта.

Според „Eikon“, во последниот месец британските рафинерии купиле најголеми количества американска нафта во последните две и пол години. Островот планира целосно да се откаже од руската нафта до крајот на оваа година. Британската влада стави вето на купувањето на суровината, но некои од компаниите успеаја да ја надминат забраната, но и сопствените ветувања, купувајќи мешавини кои содржат различен процент на руска нафта.

Испораките се рекордни и за Шпанија – 7 милиони барели во април, наспроти претходниот максимум од 6 милиони барели, забележан во март.

Со цените на нафтата над 100 долари, расте производството на нафта во Пермскиот басен, срцето на американската индустрија за шкрилци. Се очекува во мај рекордот да биде подобрен со екстракција на околу 5,1 милиони барели дневно. Трговците коментираат дека рафинериите во САД претпочитаат потешки нафтени мешавини, па затоа лесната сурова нафта е повеќе за извоз.

Според „Refinitiv“, 63% од американските испораки во Европа во април биле „WTI“ од Западен Тексас. Во март тој процент беше 65 отсто.

ЕУ во последниве недели активно разговараше за целосна забрана за увоз на руска нафта поради руската воена инвазија на Украина. Многу компании одбиваат да купуваат руски суровини во пресрет на санкциите и поради ризиците за репутацијата што ги носат таквите зделки.

Ова го поттикнува извозот на американските производители. Дополнително, одлуката на администрацијата на Белата куќа да ослободи 180 милиони барели стратешки резерви го преплави американскиот пазар и исто така помогна да се зголеми извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП