2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ65. ден војна во Украина: Русија го ракетираше Киев; Украина денеска планира...

65. ден војна во Украина: Русија го ракетираше Киев; Украина денеска планира операција за извлекување цивили од фабриката за челик Азовстал

Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски објави дека денеска планира операција за евакуација на цивили од фабриката за челик Азовстал.

Се верува дека стотици цивили биле заробени во засолништата под комплексот на челичарницата, за која Украина вели дека руските сили постојано ја бомбардираат.

Претходните обиди за евакуација на луѓето од фабриката беа неуспешни, а Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека цивилите можат слободно да излезат од фабриката за челик и да одат каде што сакаат.

Британското Министерство за одбрана во својот последен разузнавачки извештај наведува дека придобивките на Русија во Донбас имаат „значајна цена“.

-Битката за Донбас и понатаму е главниот стратешки фокус на Русија, за да се постигне зацртаната цел за обезбедување контрола врз регионите Доњецк и Луганск. Во овие области, борбите беа особено тешки околу Лисичанск и Северодонецк, со обид за напредување јужно од Изиум кон Славјанск. Поради силниот украински отпор, територијалните придобивки на Русија се ограничени и постигнати по значителна цена за руските сили, се вели во извештајот….

Киев се уште е потресен од ракетниот напад извршен претходната ноќ

Во Украина беше 7 часот наутро, а нејзиниот главен град Киев се уште е потресен од ракетниот напад извршен претходната ноќ. Експлозиите се случија набргу откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, признавајќи дека неговата организација не успеала да ја спречи или да ја заврши војната. Во меѓувреме, НАТО предупреди дека Западот треба да биде подготвен на долг рок и можноста војната „да трае со месеци и години“.

Генералниот секретар на ОН при посетата на Киев го критикуваше Советот за безбедност на неговата организација. За време на прес-конференцијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Антонио Гутереш рече дека Советот не успеал да ја спречи или стави крај на војната во Украина.

-Да бидам многу јасен. Советот за безбедност не направи се што е во негова моќ за да ја спречи и стави крај на оваа војна. Ова е извор на големо разочарување, фрустрација и гнев, рече тој.

Русија спречува евакуација на ранетите украински борци од фабриката за челик Азовстал во Мариупол бидејќи сака да ги зароби, велат локалните власти.

Ројтерс пренесува дека Павло Кириленко на брифингот рекол дека Русите сакаат да ја искористат приликата да ги фатат бранителите на Мариупол и дека затоа руската страна не се согласува на никакви мерки за евакуација во врска со ранетите украински војници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека на Путин му е јасно дека иако цивилите можат да ја напуштат фабриката, бранителите мора да го остават оружјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП