17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHypo Alpe Adria изготвува листа на купувачи за филијалите на Балканот

Hypo Alpe Adria изготвува листа на купувачи за филијалите на Балканот

hypo3

Под притисок од Европската комисија „Hypo Alpe Adria Bank“ мора да ги продаде своите сестри банки на Балканот до првата половина од 2015 година и во врска со тоа најавува дека до крајот на годината сака да има листа од потенцијалните инвеститори.

До крајот на годината банката смета дека ќе поседува листа со потенцијални инвеститори кои влегле во потесен круг – се наведува во полугодишниот извештај од управата на австриската банка.

Процесот на прием на понудите е отворен од четвртиот квартал минатата година, а во април документацијата беше доставена до заинтересираните страни.

Исто така, ќе продолжи и процесот за продажба на најголемиот дел од хотелот на Балканот, се додава во извештајот. Овој план, сепак, не наиде на позитивен став од надзорниот одбор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП