2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците загрижени за инфлацијата и војната во Украина, очекуваат помали плати

Германците загрижени за инфлацијата и војната во Украина, очекуваат помали плати

Очекувањата на германските потрошувачи за мај покажуваат продлабочен песимизам во услови на висока инфлација и војната во Украина, објави агенцијата за истражување на пазарот „GfK“.

Индексот на очекувањата на потрошувачите за мај падна за 10,9 поени на минус 26,5 поени, што е ново најниско ниво откако агенцијата почна да објавува извештаи.

Високата инфлација ја намали куповната моќ на потрошувачите, кои оценуваат дека економијата се соочува со зголемени ризици и дека ризикот од рецесија е висок.

„Војната во Украина и високата инфлација му нанесоа тежок удар на расположението на потрошувачите“, заклучува експертот за потрошувачи на „GfK“, Ролф Буркл.

Ова сугерира дека надежите дека олеснувањето на ограничувањата на пандемијата ќе донесе закрепнување, неповратно пропаднаа.

Очекувањата за економијата значително ослабеа, при што индексот во април падна за 7,5 поени во однос на март, на 16,4 поени.

Очекувањата на приходите исто така се влошија, што се одрази со падот на индексот од 9,2 поени на минус 31,3 поени, најниско ниво во речиси 20 години.

Во такви услови, склоноста за купување е намалена, трет месец по ред, лизгајќи се на најниско ниво во повеќе од 13 години, откри „GfK“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП