4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Америка пензија во биткоини, заштеда за старост

Во Америка пензија во биткоини, заштеда за старост

Финансиската технолошка компанија Fidelity Investments ќе им овозможи на компаниите да вклучат сметка во биткоини во нивните планови за штедење за пензија.

Биткоинот стигна и до пензија. Популарноста на криптовалутите и зголемената употреба на блокчејн технологијата доведоа до тоа дигиталните валути да одат во пензиски заштеди.

Така, финансиската технолошка компанија „Fidelity Investments“ објави дека ќе им овозможи на клиентите да штедат за пензионирање во криптовалути во рамките на пензиската програма 401(k), која вклучува одредени даночни поволности, објави Wall Street Journal.

Според весникот, 23.000 компании кои ги користат услугите на „Fidelity Investments“ за управување со нивните пензиски планови (во САД нема државна пензија како во Европа) ќе имаат опција да додадат биткоин во нивните пензиски програми подоцна оваа година, пренесува Ројтерс.

„Fidelity Investments“ со седиште во Бостон стана првиот голем провајдер кој им понуди на инвеститорите во нивната пензиска шема 401 (k) да додадат биткоин, овозможувајќи им да претворат дури 20 отсто од своите пензиски заштеди во биткоин, се вели во извештајот.

Оваа понуда на „Fidelity Investments“ првично ќе биде ограничена на биткоин, но се очекува во иднина да се прошири и на други дигитални валути.

Програмата 401 (k) е штеден план за пензионирање понуден од многу американски работодавци, кој обезбедува даночни бенефиции за штедачите, при што 401 (k) се согласуваат процентот од нивната плата да се упплаќа директно на инвестициската сметка на компанијата, а делот што по тој основ им се одбива од платата е ослободен од основицата за плаќање персонален данок на доход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП