Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека секоја земја што ќе интервенира во војната во Украина ќе наиде на „молскавична“ реакција од Москва, јавува Си-Ен-Ен.
„Ако некој има намера да интервенира во актуелните настани (во Украина) однадвор и да создаде неприфатливи стратешки закани за нас, тогаш треба да знае дека нашиот одговор на овие напади ќе биде брз и молскавичен“, рече Путин за време на обраќањето пред пратениците во Санкт Петерсбург.

