Австрија, односно австриската компанија за нафта и гас ОМВ, ги прифатила условите на Русија да го плати рускиот гас во рубљи преку сметка отворена во руска банка, изјави денеска австрискиот канцелар Карл Нехамер.
„Ние, ОМВ, ги прифативме условите за плаќање, како што тоа го направи и германската влада. Оценето е дека условите за плаќање се во согласност со санкциите. Ова е важно за нас“, рече Нехамер на прес-конференција во Виена.

