27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКриптоиндустријата користи се повеќе обновливи извори на енергија

Криптоиндустријата користи се повеќе обновливи извори на енергија

Компаниите за добивање на биткоин, кои вршат т.н. „копање“, се повеќе користат „зелена“ енергија.

Уделот на обновливите извори во вкупниот енергетски микс на „копачите“ на биткоин расте за речиси 60% на годишно ниво, според електронското издание „Cointelegraph“.

Податоците се од организацијата „Bitcoin Mining Council“, која вклучува 44 компании кои генерираат 50% од глобалното „рударење“ на биткоини.

Најновата студија на организацијата испитува колку електрична енергија трошат нејзините членови и колкав процент од таа електрична енергија се произведува од вода, ветер, соларни, нуклеарни или геотермални извори.

„BMC“ проценува дека одржливиот енергетски микс во глобалната криптоиндустрија беше 58,4% во првиот квартал од оваа година, што е пад од 0,1% во однос на последниот квартал. Но, според организацијата, уште поважно е дека има значително зголемување во однос на првиот квартал од 2021-ва година, кога учеството на обновливите извори беше само 36,8%.

Сепак, „BMC“ беше формиран дури во јуни 2021-ва година, така што не е јасно како се оценуваат обновливите извори што ги користат компаниите за извлекување криптовалути во првиот квартал од минатата година, забележува публикацијата.

Криптоиндустријата е на удар на критики во многу земји ширум светот поради големите количества електрична енергија и високиот јаглероден отпечаток. Ова е причината зошто претставниците на секторот се подготвени да покажат користење на поеколошки извори на енергија.

Сепак, податоците обезбедени од „BMC“ се во спротивност со студијата на научното списание „Joules“, во која се истакнува дека забраната за ископување криптовалути во Кина придонесе за 17% зголемување на емисиите на јаглерод од операциите за одржување на биткоинот.

Според „BMC“, глобалните операции со биткоин користат 247 терават часови (TWh), или помалку од половина од енергијата потрошена од операциите за ископување злато и сочинуваат 0,16% од вкупната глобална потрошувачка на електрична енергија.

Организацијата известува и за подобрување на енергетската ефикасност на криптоиндустријата. Во текот на последните 12 месеци, потрошувачката на електрична енергија за екстракција на криптовалути е намалена за 25%, додека во исто време обемот на обработени трансакции е зголемен за 23%.

„BMC“ тврди дека ископувањето биткоин е скоро 60 пати поефикасно отколку пред 8 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП