2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМасерати тројно ја зголеми продажбата

Масерати тројно ја зголеми продажбата

maseratii

На производителот на автомобили Масерати почнува да му се исплати инвестицијата од 1.2 милијарди евра, колку што имаа вложено во развојот на новите модели. Благодарејќи на новата генерација на лимузината „Quattroporte“ и потполно новиот модел „Ghibli“, нарачките за возилата на Масерати во 2013-та година се зголемени за трипати. Но годината се уште не е завршена.

Во првите седум месеци од 2013-та година италијанскиот производител доби околу 17.000 нарачки од целиот свет, додека за 12-те месеци од 2012-та година имаа продадено „само“ 6.288 автомобили.

Скоро половина од нарачаните возила се од моделот „Quattroporte“, па така заклучно со јуни биле нарачани 7.922 единици од овој модел, додека за помалиот „Ghibli“ се одлучиле 2.249 купувачи. Од Масерати истакнуваат дека само во текот на јули добиле околу 3000 нови нарачки.

„Quattroporte“ беше пуштен во продажба во јануари 2013-та година со почетна цена од 110.000 евра, додека „Ghibli“ во продажните салони ќе се појави овој месец и ќе чини од 66.000 евра.

Извршниот директор на Масерати, Харалд Вестер изјави дека за овој производител САД и натаму е најголемиот пазар, но продажбата на некои модели како што е „Quattroporte“, Кина го превзема приматот.

Од Масерати не ги кријат своите амбиции, па во 2015-та година очекуваат да ја зголемат продажбата на 50.000 автомобили годишно, а како што им тргнало се чини дека таа цел е достижна. Во ова треба да им помогне и новиот СУВ модел „Levante“ кој е во подготовка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП