20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: САД и ЕУ се соочуваат со различни работи во однос на...

Лагард: САД и ЕУ се соочуваат со различни работи во однос на инфлацијата

Гувернерката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, рече дека додека САД и Европа се борат со забрзаната инфлација, но и дека тие се соочуваат со сосема поинаква работа.

Говорејќи во неделата, Лагард рече дека ЕЦБ ќе ги користи „алатките и конзистентноста“ што се најпогодни за ограничување на инфлацијата. Тие вклучуваат и намалување на купувањето обврзници во третиот квартал и можно постепено зголемување на каматните стапки.

Дали е време ЕЦБ да ги рашири своите јастребски крилја?

Забрзувањето на инфлацијата во Европа е поттикнато од руската инвазија на Украина, која нагло ги зголеми цените на фосилните горива на континентот. Според Лагард, 50% од моменталната европска инфлација се должи на зголемувањето на цените на енергијата.

„Ако ги зголемам каматните стапки денес, тоа нема да ја намали цената на енергијата“, рече Лагард.

Истовремено, во Соединетите Американски Држави, каде Банката на федерални резерви веќе еднаш ги зголеми каматните стапки и треба да го направи тоа повторно следниот месец, инфлаторните притисоци се поизразени од затегнатиот пазар на трудот, објасни гувернерката на ЕЦБ.

Претходно минатата недела, во интервју за „CNBC“, Лагард рече дека нето-купувањето на средствата на ЕЦБ најверојатно ќе заврши во јули или август, а каматните стапки ќе бидат зголемени пред крајот на годината.

„Крајот на купувањето обврзници најверојатно ќе дојде во третиот квартал, најверојатно на почетокот на кварталот, доколку бројките продолжат да бидат како што ги гледаме“, рече таа.

Лагард нагласува дека централните банкари ќе се водат од податоците и ќе бидат доследни.

„Доколку состојбата продолжи според сегашните прогнози, постои голема веројатност каматните стапки да се покачат пред крајот на годината. Колку пати – ќе видиме“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП