2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија му одобри на Кипар поблаги услови за отплата на кредитот

Русија му одобри на Кипар поблаги услови за отплата на кредитот

kipar1

Русија соопшти дека се согласила да го преструктуира својот кредит од 2,5 милијарди евра кој му го даде на Кипар.

Рускиот заменик-министер за финансии Сергеј Анатолијевиќ Сторчак изјави, по неколу месеци преговори, дека Москва се согласила со новите поблаги услови за отплата на кредитот. Тој изјави дека кредитот ќе биде отплатен во осум рати кои доспеваат на секои шест месеци, започнувајќи од 2016 година.

Кредитот даден на Кипар во декември 2011 година, требаше за биде вратен за 4,5 години но одеднаш, како целина.

Сторчак изјави дека каматата на кредитот ќе биде намалена од 4,5 на 2,5 проценти.

Кипар во мај оваа година побара реконструкција на долгот, бидејќи постигна договор за помош од десет милијарди евра со Еврогрупата и Меѓународниот монетарен фонд. Кипар побара и кредит за итни потреби, но Москва го одби ова барање.

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис изјави дека е уверен дека опасноста од неликвиднoст на државата повеќе не постои и вети дека ќе се придржува до условите од програмата за економските реформи, договорена со меѓународните кредитори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП