19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДали конфликтот од Украина се прелева и во Молдавија? Експлозии во зградата...

Дали конфликтот од Украина се прелева и во Молдавија? Експлозии во зградата на државната безбедност

Неколку експлозии за кои се верува дека потекнуваат од ракетни гранати одекнаа во зградата на државната безбедност во прорускиот регион Придњестровје, отцепен од Молдавија, соопшти тамошната полиција.

Засега нема информации дека има повредени или настрадани.

Министерството за внатрешни работи на сепаратистичкиот регион што граничи со Украина, на Фејсбук напиша дека во зградата на државната безбедност се искршени стаклата и од неа излегува чад.

Придњестровје, кое се отцепи од Молдавија по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз, има население од околу 500.000 жители, додека Русија ја поддржува областа и економски и воено.

Меѓународната заедница не ја признава оваа област како држава.

Русија има околу 1.500 војници таму кои служат како мировници, но стравува дека тие би можеле да бидат искористени за инвазија на Украина.

Рускиот генерал Рустам Минекаев претходно изјави дека руската контрола врз јужна Украина треба да овозможи да им се помогне на проруските сепаратисти во Придњестровје, кои владеат со територијата од 1992 година.

Минекаев рече дека Русија сака да преземе „целосна контрола над Донбас на истокот и југот на Украина“.

„Контролата на јужна Украина би била коридор за регионот на Придњестровје, каде што има и случаи на угнетување на населението што зборува руски“, рече рускиот генерал.

„Молдавија смета дека таквата изјава е неоснована и контрадикторна со поддршката на Русија за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“, соопшти Министерството за надворешни работи, додавајќи дека Молдавија е неутрална земја и дека Русија треба да го почитува тој принцип.

Односите меѓу Русија и Молдавија, поранешна советска република со 2,6 милиони жители меѓу Романија и Украина, станаа затегнати по претседателските избори во 2020 година, кога на власт во Молдавија дојде проевропската Маја Санда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП