28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски: Разговорите со Американците се ефективни, охрабрувачки

Зеленски: Разговорите со Американците се ефективни, охрабрувачки

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави разговорите со американскиот државен секретар и секретарot за одбрана Ентони Блинкен и Лојд Остин како „охрабрувачки и ефективни“.

Двајца американски функционери вчера го посетија Киев и разговараа со Зеленски, а од безбедносни причини изјави дадоа дури по враќањето од Киев на непознато место во Полска во близина на границата со Украина.

Во денешното видео обраќање Зеленски рече дека САД и нудат „силна“ поддршка на Украина. Тој додаде дека се договориле за „понатамошни чекори за зајакнување на украинските вооружени сили и исполнување на сите приоритетни потреби на украинската армија“.

Тој рече дека на дневен ред на состанокот било ширењето на санкциите против Москва.

Блинкен и Остин рекоа дека САД одобриле 165 милиони долари за продажба на муниција на Украина, како и дополнителни 300 милиони долари за странско воено финансирање.

Зеленски посочи дека Украина очекува САД да ги предводат другите сојузници во обезбедувањето одредени безбедносни гаранции во иднина.

Украинскиот претседател ја осуди Русија за покренување на нова вооружена операција на православниот Велигден, опишувајќи ја како „намерно уништување на животот во Украина“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП