Откако кинеските власти најавија дека ќе спроведат „таргетирано спроведување“ на строги рестриктивни мерки во малите урбани области на Шангај, милиони жители на тој град влегоа во четвртата недела од блокадата со жичени огради пред нивните куќи и влезови.
Стравувајќи од слично строго затворање по неколку случаи на ковид-19 во Пекинг, многу граѓани на кинескиот главен град почнаа да складираат храна, додека голем број луѓе чекаат да бидат тестирани во редовите во областа Чаојанг, пренесува Ројтерс.

