28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОревите и кикириките штитат од прерана смрт

Оревите и кикириките штитат од прерана смрт

Половина шака ореви дневно, значи намалување на ризикот од прерана смрт, покажува едно најново холандско истражување објавено во научното списание International Journal of Epidemiology.

И некои претходни истражувања укажуваа на врската меѓу оревите и кардиоваскуларните болести, меѓутоа ова е првото коешто недвосмислено го потврдува тој однос, тврдат научниците.

Експертите од холандскиот универзитет во Маастрихт утврдиле преку десетгодишното проучување дека за 23 отсто се намалил ризикот од прерана смрт кај луѓето коишто јаделе најмалку десет грама ореви или кикирики дневно. Меѓутоа, тоа не може да се каже и за популарниот путер од кикирики, кој е солен и масен, предупредуваат лекарите.

Повеќе од 120.000 мажи и жени на возраст од 55 до 59 години дале во 1986 година податоци за своите навики во исхраната, а по десет години била анализирана нивната стапка на смртност. Ризикот од прерана смрт поради карцином, дијабетес, респираторни и невродегенеративни болести бил помал меѓу оние кои јаделе ореви, покажало истражувањето.

Професорот Пиет ван ден Бранд, кој раководел со истражувањето, вели дека „Извонредно е откритието дека уште е понизок ризик е забележан веќе кај консумирањето на 15 грама ореви или кикирики на ден“.

Експертите во текот на истражувањето го земале предвид и фактот дека оние коишто јаделе ореви, консумирале и повеќе овошје и зеленчук, како и дека жените коишто јаделе ореви биле послаби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП