26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраина: Русија се обиде да упадне во фабриката за челик во Мариупол

Украина: Русија се обиде да упадне во фабриката за челик во Мариупол

Руските сили денеска се обиделе да упаднат во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, во која се сместени преостанатите украински војници и цивили, додека на Одеса истрелале најмалку шест крстаречки ракети, соопштија украинските власти.

Исходот од нападот и судбината на Украинците скриени во челичарницата се уште се нејасни.

Кремљ објави дека руската армија го окупирала целиот Мариупол, освен фабриката за челик.

Русија напаѓа и други градови во јужна и источна Украина.

Украинските власти соопштија дека Русија истрелала најмалку шест крстосувачки ракети врз Одеса, пристанишен град на Црното Море, при што загинале пет лица.

Русија соопшти дека презела контрола врз неколку села во источниот регион Донбас и уништила 11 украински воени цели во текот на ноќта, вклучително и три артилериски складишта.

Руските сили со топови гаѓале станбени области во Харков, вториот по големина град во Украина, и Славјанск, град во северниот дел на Донбас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП