Вчера, нешто по 23 часот, Босна и Херцеговина ја погодија дури 11 земјотреси, од кои најголемиот беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот беше најразорниот (5,7 степени според Рихтеровата скала), кој најмногу се почувствува во Столац. Едно лице го загубило животот, а неговата сила предизвикала голема материјална штета.

