8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските инвеститори не се задоволни од своите вработени, но даваат висока оценка...

Странските инвеститори не се задоволни од своите вработени, но даваат висока оценка за услугите кои ги добиваат од службениците во ТИРЗ

Континуираната криза која се провлекува низ последниве неколку години сериозно ги зафати и компаниите сместени во индустриските зони низ Македонија. Со оглед на фактот што нивното производство е наменето за извоз, а извозот бележеше намалување во речиси секоја држава, последиците беа неминовни. Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони за прв пат годинава направи истражување, какво е задоволството на компаниите од зоните во однос на услугите кои ги добиваат од вработените од оваа државна институција. Генералната оценка е позитивна. Но, на друго истражување спроведено врз странските инвестиции, податоците далеку понегативни. Бизнисмените не се задоволни од персоналот, инфраструктурата, обемната бирократија.

За многу кратко време во јавноста се појавуваат две истражувања поврзани со странските инвестиции. Едната анкета на фирми со странски капитал ја спроведувала Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство кое е дел и од Стопанската комора на Македонија, а другото е спроведено од ТИРЗ.

Денар ги спореди детално податоците на двете истражувања и наодите покажуваат дека бизнисмените со странски капитал се позадоволни од односот и работата на вработените во ТИРЗ од колку нивните работници. Па така, во истражувањето на Асоцијацијата на странски фирми стои дека во топ три пречки за водење бизнис во Македонија е недоволниот стручен кадар. Но, податоците добиени од анкетата на ТИРЗ вели дека од највисока оценка 5, вработените во државната дирекција од странските инвестиции добиле оценка 4,6, и тоа поради нивните вештини, знаењето и способноста на вработените. Странските инвеститори исто така се многу задоволни од вработените во ТИРЗ во однос на брзината на постапување на нивните барања. Многу е интересно што на другото истражување тие одговараат дека обемната бирократија и непостапувањето навремено на останатата државна администрација им е една од главните пречки за работење во земјава.

Денар побара одговори од ТИРЗ, која е целта на едно вакво истражување, странските инвеститори да ги оценуваат вработените на Дирекцијата. Еве го одговорот:

„Анализата е спроведена во рамки на процесот на сертификација на работењето според меѓународните ИСО стандарди. Резултатите од оваа анализа даваат насока за натамошно унапредување на услугите и работата на Дирекцијата. Во рамки на ИСО процесот, ТИРЗ спроведува и сертификација и за ISO 37001:2017, меѓународен стандард кој се применува за воспоставување и имплементација на системот за справување со корупција. Воведувањето ИСО стандардизацијата ги вклучува и вработените, ангажираните лица во ТИРЗ и други лица поврзани со институцијата во спроведување на активности поврзани со навремено препознавање и спречување на мито и корупција, како и унапредување на процесот на работа на Дирекцијата“, велат од ТИРЗ.

Од анкетата спроведена врз членките на Асоцијацијата на странските компании се гледа дека тие се релативно задоволни од инфраструктурата во индустриските зони. Во однос на производството, на повеќе од половина им е намалено од 10 до 35 отсто. Речиси половина од компаниите во зоните лани имаат намалување на извозот над 30 отсто на годишно ниво. Странските инвеститори пријавиле и загриженост што бројот на вработени им е намален за над 350 работници во фабриките.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП