18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина добива нова воена помош од САД вредна 800 милиони долари

Украина добива нова воена помош од САД вредна 800 милиони долари

Американскиот претседател Џо Бајден најави нова помош од 800 милиони долари за Украина и рече дека ќе побара од Конгресот да одобри повеќе средства за земјата сега кога Русија ги фокусира своите напори на источна Украина.

Како дел од овој пакет Вашингтон ќе испрати тешка артилерија, хаубици и 144.000 муниција, како и тактички беспилотни летала. Исто така, Бајден рече дека ќе обезбеди 500 милиони американски долари директна економска помош за владата во Киев. Соединетите Американски Држави, исто така, им забрануваат на руските бродови пристап до нивните пристаништа.

Со најавените средства, Вашингтон веќе и додели 3 милијарди долари на Украина од почетокот на војната.

Според американскиот претседател, војната во Украина е во клучна фаза и САД и нивните сојузници се обидуваат да дејствуваат „што е можно побрзо“ за да му обезбедат на Киев потребната опрема и оружје.

Пред неговата изјава, Бајден лично разговараше со украинскиот премиер Денис Шмигал, кој е во Вашингтон и има голем број состаноци.

Пред една недела, САД најавија пакет воена помош за Украина во истиот финансиски износ, потсетува Ројтерс. Во него имало и хаубици, како и неколку хеликоптери Ми-17.

Русија најави дека воената операција, како што ја нарекува офанзивата во Украина, оди кон следната фаза – „методично ослободување“ на Донбас. Според аналитичарите, ова би можело да потрае со месеци и ќе биде вистински тест за издржливоста на украинската војска.

Во врска со извештаите на Москва дека го презела Мариупол, Џо Бајден коментира дека нема докази дека градот паднал и повика на коридори за евакуација на луѓето во комплексот за челик „Азовстал“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП