2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ58. ден војна во Украина: Руските сили ја продолжуваат блокадата на Харков;...

58. ден војна во Украина: Руските сили ја продолжуваат блокадата на Харков; Зеленски: Русија го отфрла велигденското примирје во Украина

Војната во Украина влезе во својот 58-ми ден. Судирите продолжуваат, а зголемениот фокус на западната јавност е на трансферот на оружје и воена опрема на украинската армија.

Руските сили ја продолжија делумната блокада на Харков, соопшти денеска украинската армија. Руски единици се обидувале да се пробијат јужно од градот Изум во областа Харков за да опколат група украински сили во регионот на Донбас, се наведува во дневниот брифинг на армијата, пренесува Би-би-си.

Зеленски: Русија го отфрла велигденското примирје во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека сè уште се надева на мир, и покрај отфрлањето на примирјето од страна на Москва за време на православниот Велигден овој викенд.

Во обраќањето во четвртокот, Зеленски рече дека Русија „го отфрлила предлогот за воспоставување велигденско примирје“, но не е јасно на каква иницијатива мисли, објави Ројтерс.

Заменик-претставникот на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, во вторникот одговори на Гутереш дека иницијативата не е „искрена“ и дека ќе им даде повеќе време на украинските борци да се вооружат.

OAS и го одзеде статусот на постојан набљудувач на Русија

Организацијата на американски држави (OAS) во четвртокот и го укина на Русија статусот на постојан набљудувач поради нејзиниот напад врз Украина, што веднаш беше поздравено од американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој рече дека ОАС покажала дека нема мирно да го набљудува руското кршење на меѓународното хуманитарно право и човековите права.

Блинкен дополнително ја критикуваше Русија, која ја обвини дека оставила повеќе од 10 милиони Украинци без покрив над главата, дека ги оштетува националните економии ширум светот, ја загрозува безбедноста на храната и ги напаѓа самите темели на глобалниот мир и безбедност.

Руската армија префрли уште три тактички групи

Според новите информации и податоци на Пентагон, Русија се уште не започнала целосна офанзива на Донбас. Ова сега го потврдува и украинската страна. Пред неколку дена Русија најави почеток на „втората фаза од специјалната операција“, но засега не се забележани масовни движења на руските војници. Сепак, во последните денови гранатирањето на украинските позиции е нагло зголемено, според Си-Ен-Ен, најмалку три баталјонски тактички групи на руската армија пристигнале во Украина во последните 24 часа, а неколку руски единици се движат од Мариупол во други делови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП