5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски: Да одам во Москва на преговори? Нема шанси!

Зеленски: Да одам во Москва на преговори? Нема шанси!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста да отпатува во Москва на директни разговори со рускиот лидер Владимир Путин за завршување на војната во неговата земја.

„Во име на мојата земја би бил подготвен да го посетам секое место на оваа планета. Но, сигурно не сега и сигурно не Москва. Тоа едноставно не доаѓа предвид“, изјави тој за рускиот медиум Медиазона.

Тој додаде дека и покрај тоа, „под други околности и со други владетели во Москва, се би било можно“.

Тој оцени дека рускиот политички врв направил „катастрофална грешка“ со инвазијата на неговата земја, вовлекувајќи го рускиот народ во нешто што е одговорност на владата.

„Од сега па натаму, многу земји повеќе нема да се залажуваат со прашањето дали некој е добар или лош Русин. Сите Руси ќе бидат третирани лошо. Русија го постигна тоа. На крајот, тоа не е моја работа, но тоа треба да го ужазне рускиот народ“, рече тој.

Тој исто така рече дека Украина и ги „понудила сите опции“ на Русија за размена на граѓаните на Мариупол за руски војници и дека чека одговор од Москва, пренесе Ројтерс.

Зеленски претходно предложи заробените руски војници да бидат заменети со блокирани цивили.

Реагирајќи на тврдењето на Кремљ дека неговите сили го „ослободиле“ Мариупол, тој рече дека Русија контролирала поголем дел од тој пристанишен град, но дека украинските сили останале во еден дел од него, пренесува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на својата армија да го откаже нападот на фабриката за челик Азовстал, велејќи дека наместо тоа, сака таа да биде блокирана за да не може да избега ниту мува од неа. Во фабриката се наоѓа, како што рече командантот на 36-та поморска бригада, која се крие во Азовстал, се сместени близу 500 ранети војници и стотици жени и деца, за кои рече дека се криеле со нив во фабриката за челик. Не е познато колку украински војници има во фабриката за челик, но рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека ги има повеќе од 2.000.

Зеленски вчера изјави дека 120.000 цивили сè уште се спречени да го напуштат Мариупол.

Тој, исто така, му се заблагодари на својот американски колега Џо Бајден за новата рунда помош за Украина.

Зеленски на својот Твитер профил напиша дека оваа помош им е потребна сега повеќе од кога било досега.

Бајден најави дополнителен пакет безбедносна помош за Киев, вреден 800 милиони долари. Помошта вклучува тешка артилерија, десетици хаубици, муниција и неколку тактички беспилотни летала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП