Повеќе од единаесет младежи на раката укажува на можноста од зголемен ризик од појава на меланом, покажува британско истражување чии резултати се објавени во научното списание British Journal of Dermatology.
Бројот на младежите на десната рака е добар показател за вкупниот број на младежи на целото тело, откриле научниците од лондонски King’s College. Повеќе од стотина укажуваат на петпати повисок ризик од појава на споменатиот вид рак на кожата. Тоа би можело да им помогне на лекарите од општа пракса да откријат кои лица се изложени на најголем ризик.

