22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин: Во Донбас ќе завладее мир благодарение на Русија

Путин: Во Донбас ќе завладее мир благодарение на Русија

Претседателот Владимир Путин вели дека е убеден дека благодарение на Русија во Донбас ќе завладее мир.

„Русија ќе дејствува доследно, ќе постигнеме нормализација на животот во Донбас. Благодарение на Русија во Донбас ќе завладее мир. Така ќе биде!“ изјави денеска Путин, обраќајќи им се на учесниците на седницата на советот на платформата „Русија – земја на можности“, пренесува Спутник.

Рускиот претседател истакна дека трагедијата во Донбас ја принуди Русија да започне специјална операција во Украина, потсетувајќи дека таа територија била гранатирана осум години и дека нејзините граѓани живееле многу тешко.

„За жал, многу се влоши во Луганската Народна Република, бидејќи во текот на овие осум години имаше бомбардирања, артилериски напади, борбени операции. И, се разбира, беше многу, многу тешко за луѓето. Луѓето на Крим и Севастопол живееја сосема поинаку Но, трагедијата што се случи во Донбас, вклучително и Луганската Народна Република, ја принуди Русија да ја започне оваа воена операција, која сега сите добро ја знаат. „Пред се, тоа го реков на самиот почеток, целта на таа операција е да им се помогне на нашите луѓе кои живеат во Донбас“, рече Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП