6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes EQE“ - брилијантната електрична „Е-Class“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes EQE“ – брилијантната електрична „Е-Class“ (ФОТО/ВИДЕО)

Минатата година „Mercedes“ го претстави електричниот седан „EQE“, автомобил во конвенционалната категорија на „Е-Class“. Дизајниран слично како поголемиот и полуксузен „EQS“, овој модел е за 30.000 евра поевтин од најголемиот електричен седан на „Mercedes“.

Должината на „Mercedes EQE“ е 4.934 mm, а благодарение на технологијата за електричен погон, која овозможува тркалата да се движат до самите краеви на каросеријата, меѓуоскиното растојание е дури 3,1 m, што гарантира висок комфор во патничкиот простор.

Електричната енергија се складира во батерија од 90 kWh, а клиентите можат да избираат помеѓу две верзии. Основниот модел „EQE 350“ го придвижува електричен мотор од 292 ks (215 kW) и 530 Nm, а силата се испраќа на задните тркала.

Автономијата се проценува на 654 km.

Достапна е и верзија со два електрични мотори и „4Matic“ погон на сите тркала. Овој модел ја носи ознаката „EQE 500“ и има вкупно 408 „коњи“. Податоци за автономија сѐ уште не се објавени.

Цената во Германија започнува од 70.627 евра, колку што треба да се плати за „EQE 350“, додека за споредба, најевтиниот „EQS“ чини 103.828 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП