17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДесетици и десетици гробови, свежи венци на нив, само тоа остана(ВИДЕО)

Десетици и десетици гробови, свежи венци на нив, само тоа остана(ВИДЕО)

На социјалните мрежи, а потоа и во медиумите се појави видео за кое се вели дека е од украинскиот град Ирпин, а на кое има десетици и десетици гробници.

Медиумите објавија дека украинските истражители прегледале 269 тела во тој град, кој се наоѓа во близина на Киев. Истражувањето започнало, како што се наведува понатаму, кога градот бил вратен во рацете на украинските сили на крајот на март.

Јутарњи лист наведува дека во Ирпин пред војната живееле околу 62.000 луѓе, а за време на војната во Украина, градот бил едно од главните жаришта на борбите со руските војници пред тие да се повлечат од северните украински региони за да ја интензивираат офанзивата на исток.

Десетици нови гробници беа ископани на гробиштата во предградието на Ирпин, кои се покриени со венци.

„Досега прегледавме 269 тела“, рече Серхиј Пантелејев, прв заменик началник на главниот полициски истражен оддел, додавајќи дека форензичката работа е во тек за да се утврди причината за смртта на многу жртви, споделувајќи фотографии од јагленисани човечки останки.

Тој рече дека биле прегледани седум места во Ирпин каде наводно биле пукани цивили, без да даде повеќе детали.

Русија негира дека целела цивили и ги отфрли обвинувањата дека нејзините сили извршиле воени злосторства на окупираните територии на Украина, објави Јутарњи лист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП