18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Волкот од Волстрит“: Од критичар на биткоинот до работилница за криптовалути каде...

„Волкот од Волстрит“: Од критичар на биткоинот до работилница за криптовалути каде што „билет“ чини 40.000 долари

Џордан Белфорт, познат како ликот кој беше инспирација за филмот „Волкот од Волстрит“, сега стана експерт за криптовалути. И тоа, само по три години откако рече дека биткоинот е „масовна заблуда“.

Според американските медиуми, Белфорт, поранешен берзантски брокер и осуденик, минатата недела ја организирал својата прва работилница за криптовалути. Неговите девет учесници го платија задоволството со еден биткоин – или околу 40.000 долари. Работилницата се одржа во имотот на Белфорт во Мајами.

Прекрасно поминав викендов на мојот прв Crypto Mastermind. Едвај чекам да го направиме ова повторно наскоро – доаѓате ли на следниот?

Во видеото кое го промовираше настанот, тој рече дека „инвестира многу“ во криптовалути и NFT, кои ги нарече „иднината на финансиите“.

Работилницата за крипто на Белфорт беше прогласена за „интимно финансиско искуство“ каде што учесниците учат за метаверзумот, крипто и децентрализираните финансии. Според извештајот на The New York Times, девет гости биле избрани од 600 апликации, вклучително и крипто-рудар од Казахстан и блокчејн подкастер со компанија за покриви во Ајдахо.

Биткоин и големите будали

Медиумите потсетуваат на неговото видео на YouTube од 2018 година со наслов „Пазарот на биткоини конечно остана без големите будали“. За време на видеото, Белфорт вели дека вредноста на биткоинот расте благодарение на теоријата за „поголема будала“, која вели дека преценетите средства сè уште може да се продаваат за профит, ако можете да најдете „поголема будала“. Односно додека пазарот не остане без будали за измама.

Во 1999 година, Белфорт се изјасни за виновен за измама на повеќе од 1.500 индивидуални инвеститори од 200 милиони долари. Откако отслужи 22 месеци затвор, Белфорт ги објави своите мемоари и стана мотивациски говорник. Неговиот TickTok има 3,7 милиони следбеници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП