18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle тајно ja купил Wimm Labs

Google тајно ja купил Wimm Labs

wimm

Додека сите ја чекаме престојната презентација на паметниот часовник на „Samsung“ во јавноста се прошири веста дека „Google“ купил компанија која се занимава со таа област.

Станува збор за „WIMM Labs“ која уште минатата година на својата интернет страна објави дека станале дел од ексклузивен и доверлив деловен однос и дека престануваат со развојот на сопствените производни програми. Сега се дознава дека компанијата „WIMM“ тогаш преминала во сопственост на „Google“ и дека нивните вработени заедно со тим од Андроид најверојатно работат на развојот на свој сопствен паметен часовник.

Тоа што новата аквизиција може да му придонесе на гигантот „Google“ не се само знаењата и технологија за развој на производи, туку и софтверска платформа за паметни часовници кои се засновани на Андроид.

Имено „WIMM“  има креирано своја „micro app“ апликација која би била посебно прилагодена на мали преносни уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП