19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на челик во Кина бележи пад од почетокот на годината

Производството на челик во Кина бележи пад од почетокот на годината

Производството на челик во Кина се намали за повеќе од 6% во март на годишна основа, според статистичките податоци цитирани од „Reuters“. Минатиот месец, земјата произведе нешто повеќе од 88 милиони тони челик, во споредба со 94 милиони тони во март 2021-ва година.

Сепак, трендот е забележан од почетокот на годината – за првиот квартал земјата произведе 243,4 милиони тони челик, што е за 10,5% помалку од истиот период во 2021-ва година. Една од причините е високата цена на отпадот, што ги принудува производителите да ги ограничат своите активности.

Покрај овој фактор, се додава и новиот бран коронавирусот, кој ја зафати земјата во последните неколку недели. Поради зголемениот број случаи, од кои повеќето беа асимптоматски, Шангај, на пример, беше изолиран две недели.

Просечното дневно производство на челик во март достигна 2,85 милиони тони, што е намалување во однос на 3 милиони произведени во март 2021-ва година, но е над просечното ниво за периодот јануари-февруари годинава – 2,68 милиони тони.

Дел од производството во северните делови на земјата исто така беше затворено за да се подобри квалитетот на воздухот за Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари, како и да се намали загадувањето за време на грејната сезона. Но, новиот бран на коронавирус, најсериозен досега од првите случаи во Вухан во 2020-та година, го намали не само производството на челик, туку и потрошувачката на челик во земјата.

Срцето на кинеската челична индустрија Тангшан беше под целосна блокада на крајот на март, откако беа идентификувани неколку случаи на внатрешно пренесување на коронавирусот.

Традиционално, врвот на потрошувачката на челик во Кина е во периодот март-мај, додава „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП