20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАПрогласување крај на пандемијата?

Прогласување крај на пандемијата?

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден закажа глобален самит за коронавирусот за 12 мај, пренесе агенцијата АФП.

Според Белата куќа, на самитот треба да се донесе одлука за ставање крај на пандемијата на коронавирус во светот, но и да почне да прави план за идни слични предизвици.

Светската здравствена организација соопшти дека од почетокот на пандемијата, бројот на заболени од Ковид надмина 500 милиони, а бројот на починати е речиси 6,2 милиони.

Статистиката на СЗО се базира на официјални податоци од земјите.

Најмногу случаи се регистрирани во САД – близу 80 милиони, потоа 43 милиони во Индија, 30 во Бразил, 26,5 милиони во Франција и 23,1 милиони во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП