19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрофитабилен бизнис: Заработуваат огромни пари со тоа што ги "цинкарат" другите возачи

Профитабилен бизнис: Заработуваат огромни пари со тоа што ги “цинкарат” другите возачи

Некои њујорчани заработуваат пари така што снимаат возила за испорака паркирани покрај пат додека нивните мотори работат и ги пријавуваат на властите.

Некои работни места не бараат многу работа и стрес, а се добро платени, односно им треба само паметен телефон и добри чевли. Имено, некои њујорчани заработуваат така што ги снимаат возилата за испорака, кои се паркирани покрај патот додека моторите им работат во лер, и тоа го пријавуваат на властите. Парите што се заработуваат на овој начин се далеку од симболични.

Citizen’s Air Complaint Program беше лансирана во 2019 година со цел да се казнуваат возачите на лесни комерцијални возила кои се оставени да работат во мирување. Тие што ќе го пријават земаат провизија од 25% од висината на казната.

Сопствениците на возила може да бидат казнети со 350 долари или повеќе, што носи заработка од најмалку 87,50 долари на граѓаните што ќе ги пријават. Сè што треба да направат е да снимат триминутно видео од возилото чиј мотор работи во лер, да го прикачат на веб-страницата на градското одделение за заштита на животната средина и да чекаат да пристигне чекот по пошта.

Доколку возилата се паркирани во близина на училишта, доволно е да снимите само едноминутно видео.

NBC News објави дека граѓаните формирале група од околу шеесетина луѓе наречена Idle Warriors, чија „работа“ е да крстарат низ градот и да бараат возила кои го загадуваат воздухот. Еден од нив, Доналд Блер, се пофали дека досега заработил 125.000 долари од фаќање неодговорни возачи.

Најголеми престапници се услугите за испорака, како што е UPS, и компаниите кои продаваат преку интернет, како што е Амазон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП