18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВучиќ: Украина и земја на ЕУ шират лажни дојави за бомби во...

Вучиќ: Украина и земја на ЕУ шират лажни дојави за бомби во српските авиони

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини Украина и неименувана земја од ЕУ доцна во неделата дека пласирале лажни извештаи за бомби во патнички авиони на компанијата „Ер Србија“.

Од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, повеќе од десет летови на „Ер Србија“ беа принудени да се вратат во Белград или Москва поради дојави за бомби, а белградскиот аеродром беше евакуиран најмалку три пати.

„Ова го прават странски (разузнавачки) служби на две земји. Едната е земја на ЕУ, а другата е Украина“, рече Вучиќ.

Србија, која е речиси целосно зависна од рускиот гас и нафта, одбива да воведе санкции кон Кремљ и одржува редовни летови до Москва.

Вучиќ во интервју за телевизијата „Пинк“ изјави дека Србија тоа го прави од принцип.

„Овие летови ги продолжуваме буквално од принцип, бидејќи сакаме да покажеме дека сме слободна земја и дека самите одлучуваме“.

Српскиот претседател изјави дека во неделата повторно било пријавено дека имало бомба во авион на „Ер Србија“ додека бил над Словачка, но пилотот го продолжил летот бидејќи знаел дека дојавата е лажна.

Србија не воведе санкции кон Русија, но гласаше за резолуцијата на ОН со која се осудува руската инвазија на Украина и за исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП