Руската специјална операција во Украина продолжува. Откако припадниците на „Азов“ и странските платеници не ја искористија понудата да го положат оружјето, руската авијација и артилерија продолжуваат со интензивни напади врз нивните позиции, односно врз фабриката „Азовстал“.
Покрај тоа, руските ракети и авиони продолжуваат да летаат низ Украина.
Пет ракети ја погодија областа Лавов во понеделникот наутро, изјави гувернерот Максим Козицки.
Во гранатирањето на Харков загинаа пет лица, а 13 се ранети.
Во Николаев, во близина на пристаништето Одеса, гувернерот известува за постојани ракетни напади.
Според Би-Би-Си, во источниот дел на земјата постојано се слушаат сирени за воздушна опасност.