2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПролетни намирници кои треба да ги вклучите во вашата исхрана

Пролетни намирници кои треба да ги вклучите во вашата исхрана

Постојат безброј причини да и се радувате на пролетта. Една од нив е разновидната храна, меѓу која преовладуваат исклучително здравите намирници.

Јагодите и боранијата се пријатели на линијата, младиот компир ја намалува отеченоста и е добар за притисокот, лукот чисти од отрови, артичоката го регулира варењето на храната… Секој ден користете ги овие пролетни намирници, тие се здрави и корисни за секој член од семејството.

Јагодите ги зајакнуваат капиларите

jagotki

Зошто се добри јагодите? 100 грама јагоди на ден се доволни за да покријат 90 проценти од дневните потреби за витаминот Ц, кој ги зајакнува капиларите и го ублажува делувањето на слободните радикали, а со тоа и стареењето.

Грашокот е хранлив и нискокалоричен

Свежиот грашок е исклучително хранлив и има инзвонреден вкус. Тој е една од најнекалоричните мешунки, а притоа е богат со витамини и минерали. Во комбинација со тестенини или ориз, тој е навистина лесен и хранлив оброк.

Младиот лук го намалува притисокот

Тој има посвеж и поистенчен вкус од стариот лук. Го намалува високиот притисок (но не и кога е низок), ги дезинфицира цревата и помага во намалувањето на „лошиот“ холестерол.

Цвеклото го забавува стареењето

Може да се најде и конзервирано и свежо. Антоцијаните, кои му даваат типична црвена боја, имаат антиоксидативно дејство, односно го забавуваат стареењето.

Боранијата помага во одржувањето на линијата

IMG_3923

Таа содржи протеини, растителни влакна, шеќер, сол и витамини. Одлична е за диета бидејќи е хранлива, а содржи малку калории.

Туната ги одржува здрави артериите

Таа може да се купи свежа или конзервирана. Таа е хит во пролетниот период бидејќи одлично се комбинира со зелените салати кои масовно се појавуваат во овој период на годината. Добра е бидејќи содржи масни киселини омега 3, кои ги чистат артериите и ја прават посилна крвта, а со тоа спречуваат да дојде до нејзино згрутчување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП