понеделник, 3 октомври 2022
ПочетнаСПОРТБИЗМакедонија ја доби битката со Чешка за пласман на Светското првенство

Македонија ја доби битката со Чешка за пласман на Светското првенство

Во тешка битка пред верната публика, Македонија стигна до 27:25 (14:12) победа над Чешка за да стане последната европска репрезентација која се пласираше на Светското првенство во 2023 во Полска и Шведска, продолжувајќи ја убавата традиција за настап на големите натпреварувања.

Откако во Злин во првиот меч пропуштивме голема шанса за победа и одигравме 24:24, во Скопје ни беше неопходна победа против стариот познаник, Чешката Република. Чесите стартуваа подобро и стигнаа до 4:2 водство, но предводени од Талески успеавме да направиме пресврт и да дојдеме до 7:4 водство. Сепак, разликата во текот на целиот меч се движеше до максимални четири гола во 51. минута (20:16), по што гостите успеаја да се вратат и да дојдат на само гол разлика (25:24) на четири минути пред крајот.

Никола Митревски беше фантастичен на голот во клучните моменти, Филип Кузмановски блесна со девет постигнати голови, вклучувајќи го одлучувачкиот пенл во последната минута, додека Филип Талески додаде шест, а кај гостите Томаш Пирох и Јакуб Хрстка имаа по пет гола.

БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2023, РЕВАНШИ

Македонија – Чешка 27:25 (14:12), прв меч 24:24

Црна Гора – Грција 33:25 (16:12), прв меч 23:25

Холандија – Португалија 28:35 (15:17), прв меч 33:30

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП