1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Европа ќе се соочи со повисока инфлација поради војната во Украина

ЕЦБ: Европа ќе се соочи со повисока инфлација поради војната во Украина

Се очекува Европа да има помал економски раст и повисока инфлација поради војната на Русија против Украина, се наведува во студијата на Европската централна банка.

Се очекува Европа да има помал економски раст и повисока инфлација поради војната на Русија против Украина, која е во осмата недела, се наведува во студијата објавена од Европската централна банка (ЕЦБ).

Испитаниците ги ревидираа своите очекувања за инфлација на 6,0 отсто и 2,4 отсто за 2022 и 2023 година, соодветно, се наведува во Анкетата на професионалните прогнозери на ЕЦБ за вториот квартал од 2022 година, пренесува Анадолија.

Претходните проценки за инфлацијата беа 3,0 отсто за годинава и 1,8 отсто за следната година.

Прогнозите за економски раст се намалени на 2,9 отсто за 2022 година и 2,3 отсто за 2023 година.

Претходните очекувања беа 4,2 отсто, односно 2,7 отсто.

„Прогнозерите ја наведуваат војната во Украина како главен фактор кој стои зад ревизијата на макроекономските прогнози“, се вели во соопштението на ЕЦБ.

„Според испитаниците, овие ревизии главно ги одразуваат индиректните ефекти од повисоките цени на енергенсите и храната и ефектите од прекините на синџирот на снабдување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП