Русија: Целото урбано подрачје на Мариупол е „исчистено“ од украинските сили

3475

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека целата урбана област на Мариупол е „исчистена“ од баталјонот Азов, „странските платеници“ и украинските сили кои загубија околу 4.000 војници во борбите за овој пристанишен град во јужна Украина.

Руското Министерство за одбрана извести дека руските сили „исчистиле“ поголем дел од Мариупол, освен неколку борци кои, како што велат, останале во челичарата Азовстал.

Целото урбано подрачје на Мариупол беше целосно исчистено од милитантите на нацистичката формација Азов, странски платеници и украински војници. Остатоците од украинската група во моментов се целосно блокирани на територијата на металуршкиот комбинат Азовстал“, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека доброволното полагање оружје и предавањето е единствениот начин да се спасат животите на преостанатите Украинци, пренесува Ројтерс.

Нивната единствена шанса да ги спасат животите е доброволно да го положат оружјето и да се предадат“, велат Русите.

Дополнително, Министерството за одбрана на Русија на социјалните мрежи ја сподели следнава порака: Од 16 април, украинските сили во Мариупол загубија повеќе од 4.000 војници. Подоцна, министерството објави и дека досега во Мариупол се предале 1.464 украински војници.