19 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕEМС тренингот ќе ви го промени животот - Интервју со Владимир Куновски,...

EМС тренингот ќе ви го промени животот – Интервју со Владимир Куновски, ЕМС фитнес инструктор

Разговаравме со Владимир Куновски, ЕМС фитнес инструктор од Студио FIT TECH, локација Synergy fitness & spa Населба Аеродром.

Денар: Што е ЕМС тренинг?

ЕМС (електро мускулна стимулација) е револуционерен тренинг, односно нов спортски тренд кој вклучува уникатен симулатор и специјално одело со електроди. Специјализирана технологија за спортски тренинг која е развиена со помош на водечките светски научници, доктори и спортисти.

EМС тренинг се изведува со помош на симулатор кој испраќа безбедни електрични импулси со различни фреквенции, на професионалното одело во кое се интегрирани електроди кои симулираат мускулни контракции.

Денар: Какви ефекти и погодности има ЕМС тренингот?

Современиот начин на живот не им дозволува на сите да вежбаат по неколку часа во  текот на денот. Затоа стимулацијата помага да се намали времетраењето на тренингот на 20 минути. Со други зборови, еден ваков 20 минутен тренинг заменува дури и неколку часа конвенционален тренинг.

Според истражувавањата, над 350 мускулни групи се активираат при самиот тренинг. Благодарение на тоа, тренингот е ефикасен и за многу кратко време се постигнува супер резултат. Се активираат и длабински мускули кои речиси е невозможно да се активираат со конвенционален тренинг.

Стимулацијата помага во:

ИЗГЛЕД

  • Намалување на вишокот килограми и масните наслаги
  • Обликување на телото, задникот и останатите проблематични делови
  • Го подобрува метаболизмот
  • Ја зацврстува кожата и ткивото
  • Го намалува целулитот
  • Ја подобрува виталноста
  • Го регулира начинот и навиките на исхрана

ФИТНЕС

  • Зголемување на силата
  • Развој и зајакнување на стомачните мускули – six pack
  • Поголема издржливост
  • Зајакнување на мускулот и зголемување на мускулната маса
  • Баланс на мускулната нерамнотежа
  • Зголемена ефикасност

РЕХАБИЛИТАЦИЈА

  • Го подобрува држењето и ставот на телото
  • Помага во отстранување на болките во грбот и колковите
  • Го подобрува кардиоваскуларниот систем и циркулацијата
  • Помага при заздравување после повреда
  • Помага во постоперативниот процес при ортопедски операции
  • Ефикасноста се должи и на фактот што нема оптоварување на зглобови, бидејќи работат само мускулите.

Денар: Дали може сите луѓе да ги посетуваат? Има ли исклучоци?

Како и секој спорт така и кај ЕМС тренинзите треба да напоменеме дека не може сите да ги посетуваат. Забрането е да вежбаат трудници, луѓе кои имаат проблеми со срцето, епилепсија, туберколоза, атеросклероза и нарушувања на циркулацијата.

Денар: Колку трае еден тренинг и колку пати може да се вежба неделно?

Да напоменеме дека ЕМС тренинзите се индивидуални. Вежба клиент со тренер. ЕМС тренингот трае 20 минути и по завршување на тренингот има 10 минути ЕМС масажа. Целокупниот третман е 30 минути.

Може да се вежба 2-3 пати неделно.

Денар: За колку време се добиваат видливи резултати?

Резултат има и после неколку тренинзи. Значи намалување, односно топење на мастите, зацврстување на мускулот, градење на мускулен корсет, намалување на болките во грбот и кичмата, зголемување на кондицијата се дел од придобивките кои се чувствуваат за кратко време.

Денар: Има повеќе студиjа кои даваат ЕМС услуги! Дали се сите исти?

ЕМС тренинзите стануваат многу популарни и затоа има се повеќе студија. Нормално дека не се сите исти. Нашето студио FIT TECH во моментов е едно од ретките студија кои користат најнова опрема. Опремата се состои од одела кои немаат никакви кабли и работат безжично. Има студиа кои користат застарена опрема која не се користи повеќе од 15 години во светот. Дополнително имате фејк(лажна) опрема, односно кинеска опрема која на лик е иста како оргиналната, меѓутоа повеќе штети на мускулите и организмот и такви тренинзи со таква опрема не би смееле клинетите да користат во никој случај, дури и на бесплатен тренинг.

Денар: Како може да се препознае која е добра опрема?

Бидејќи ЕМС тренизите за повеќето луѓе се нешто ново и немаат искуство да распознаат што е ново, старо, што е лажно, ќе им дадеме насока како би можеле сами да распознаат. Кога ќе одат на пробен тренинг добро нека забележат како се вика брендот-марката на опремата која ја користат. Треба да добијат одговор и самите на интернет ќе си проверат. Пример кај нас имаме 3 бренда-марки на опрема која мора да биде запишана на самите одела, каиши, на самиот компјутер (симулатор) дури и апикацијата мора да биде брендирана. Постојат следниве брендови: INNLINE, MIHA BODYTEC и XBODY. Ова се официјани светски брендови кои може да се проверат и на интернет. Значи секое студио за ЕМС мора да има опрема со еден од овие брендови. Доколку опремата не е брендирана со едно од овие имиња значи дека не е оригинал, односно дека не е соодветна и препорачана за тренинзи.

Мислам дека ова е сосема доволно како насока за да препознава кој какви тренинзи посетува.

Посетете ги фан страните на социјалните мрежи:

https://www.facebook.com/fittechmk

https://www.instagram.com/fittech.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП